ВЕЛМОНД – Велешко Езеро
Комплексот ВЕЛМОНД лоциран до брегот на Велешкото езеро “Младост” со непречен поглед кон езерото на источна страна, нуди луксузни Апартмани за продажба со површини од 50м2 до 130м2.
Велешко езеро
Велешкото езеро “Младост”, денес претставува вистинска туристичка атракција, идеална за одмор и рекреација. Одличната инфраструктура, пристапноста на автопатот Е-75, непосредната близина до Велес, Меѓународниот Аеродром Скопје и главниот град Скопје, привлекува голем број домашни и странски туристи на оваа локација. Езерото, околната природа и иновативната туристичка програма “Паметно Езеро Младост” овозможуваат користење разни програми за спорт и рекреација (еко-камп со парк и авантури, пешачка патека за панорамска прошетка на езерото, пливање, спортски риболов, суп бординг, велосипедизам и многу други активности).
Вклучени содржини – Модерен концепт
- Инфинити базен;
- Теретана и фитнес;
- Билјард;
- Пинг-понг;
- Детско игралиште;
- Парк;
- Фотоволтаична централа;
Врвен квалитет – Енергетска ефикасност
- Панорамски поглед;
- Раскошни балкони;
- Смарт контрола за влез во Објект;
- Сигурносни влезни врата;
- Алуминиумски термо мост прозори;
- Троен термопан, 4 сезони термо изолационо стакло;
- Високо енергетски ефикасен објект;
- Висока звучна изолација;
- Трислоен паркет подна облога;
- Индивидуални економични системи за греење и ладење (инвертер мулти сплит системи);
- Паметно управување и контрола на движење;
- Штедливо греење, ладење и осветлување;
- Индивидуални Паркинзи – електрични станици;
Ниски трошоци за одржување
Користењето на енергетско ефикасни материјали и опрема, модерниот концепт и врвниот квалитет, создаваат Објект од една нова димензија, како позитивен пример за енергетски ефикасна ЕКО градба. Внимателно воспоставениот концепт и големата заштеда за енергија, овозможуваат користење на Објектот и вклучените содржини во него, со минимални трошоци за нивно тековно одржување.